Израелски судија го казни пензионираниот бразилска фудбалер за време на пријателски натпревар без никаква причина, освен да направи селфи со фудбалската легенда.
Натпреварот меѓу поранешни играчи од Бразил и Израел, заврши 4 Ч 2 во корист на гостите.



Во еден момент во текот на втопрото полувреме, додека Кака ја додеше топката во средината на теренот, судијката Лилаш Асулин со свиреж ја прекина неговата акција и му покажа жолт картон.

Додека Кака и другите играчи изненадено гледаа што се случува, Асулин го извади мобилнииот телефон ладнокрвно направи селфи со поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и на Милан,додека на Кака не му остана ништо друго туку помирливо да ја спушти главата и со насмевка да се фотографира.

https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1189293433539780608?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1189293433539780608&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.timesofisrael.com%2Fisraeli-referee-books-brazilian-soccer-star-to-snap-selfie%2F