Заменикот копретседател на мешовитата Комисија за историски прашања Наум Кајчев, вели дека прашањата од заедничка историја на Бугарија и Македонија се битни не само како основа за билатералните односи туку и за суштината на Македонија, за самото општество.



Во гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ) Кајчев на тема дали Бугарија ќе ја спречи Македонија на патот кон ЕУ, Кајчев вели дека едничката историја е  во интерес на европеизација на самата земја, во интерес на приближување кон самата ЕУ, дека оваа заедничка историја е разбрана, признаена и темелно разбрана од граѓаните.

Кајчев не смета дека односите меѓу двете земји одат од крајност во крајност. „Позицијата на Бугарија е јасна и конзистентна“, вели тој .