Ова прашање го постави естонската премиерка Каја Калас во врска со „отсуството“ на лица од земјите членки на ЕУ од таканаречената Источна Европа на високи позиции во Европската Унија, во интервју за Политико.
„Ние сме членки на НАТО и на Европската унија веќе 19 години“… Естонија влезе во двете организации во 2004 година, приклучувајќи се заедно со 6 други земји кои некогаш беа дел од Источниот блок.
Во моментов нема источноевропејци во Брисел на врвот на трите главни институции на ЕУ – Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент – и ниту еден источноевропеец не го водел НАТО.
Регионот најблиску до висока функција беше кога поранешниот полски премиер Доналд Туск го предводеше Европскиот совет од 2014 до 2019 година.
„Имаме ли… полоши луѓе од „старите“ Европејци? Или уште не сме таму? рече Калас. „Мислам дека одговорот е не, ние всушност имаме многу добри луѓе.
„Треба да бидеме во потесниот избор за високи позиции“, додаде таа. „Се докажавме и во двете организации“.
Каја Калас се споменува како можна наследничка на Јенс Столтенберг на местото ген-сек на НАТО.
На тоа таа одговара: „Озборувањата се многиу инетересни“.







