Кај извршител само со маска!?

Комората на извршители на Република Македонија донесе превентивни мерки, согласно заклучоците на Владата за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот.



„…утврдување на еден ден во текот на неделата за прием на странки во посебна просторија во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ, како и задолжително носење на заштитни маски од страна на странки кои ќе пристапат“ е една од мерките, стои во соопштението од Комората на извршители.

Исто така се препорачува редуцирање на деновите за прием на странки, а  „сите писма до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ ќе треба да се доставуваат по поштенски пат“.