Уапсен е 38-годишниот Д.Ц. од село Добри дол, Сопиште откако по претходно добиени опреативни сознанија полицијата вчера извршила претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, во вредност од околу 20.000 евра.
Д.Ц. е приведен и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопштија од МВР.







