Оваа научна полиција не ја поставуваат македонски претставници туку двајца влијателни бугарски научници Академик Ангел Голубов од Бугарската академија н науките и Едислава Неш од катедрата за Генетика на медицинскиот факултет во Софија тврдат дека кај денешните Бугари преовладува генот на театарскиот Хан Аспарух.
Ова во емисијата Операција:Историја на бугарската телевизија Bulgaria ONAir го откриваат научниците со што целосно ја елиминираат актуелната бугарска политичка теза за Македонците и Бугарите како еден народ со исто потекло.
Повеќе за ханот Аспарух по видеото од 2018 година каде што бугарски научници тврдат дека Бугарите се генетски најблиски до театарскиот народ кој заедно со Аспарух дошол на денешната бугарска територија.
Аспарух (околу 640-701) — творецот и првиот владетел на Дунавска Бугарија, којшто со 30.000 до 50.000 Прабугари (Уногундури)дошол од исток кон утоката на Дунав, бегајќи од Хазарите, кои ја уништиле Стара Велика Бугарија.
Откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, во 681 година театарскиот Хан Аспарух ја создал првата држава на Прабугарите на Балканскиот Полуостров со седиште во Плиска, од кадешто подоцна ќе ги проширува границите на својата држава на просторот до Стара планина.
Во „Именик на бугарските ханови„ Аспарух е наречен кнез, но историчарите мислат дека оригиналната титула треба да е хан.
Постои една теорија според која вистинското име на бугарскиот владетел e Батај, a „Аспарух“ е грчки изговор на титула во смисла на кнез.[4] Се смета дека Аспарух загинал во борба со Хазарите.
Аспарух бил од значајниот болјарски род Дуло, а татко му бил ханот Кубрат, основачот на Стара Велика Бугарија. Според легендата Аспарух имал уште 4 браќа – потврден е само Батбајан, за Котраг се претпоставува дека доаѓа од името на прабугарското племе Котраги; наспроти хипотезите, нема никакви податоци дека Кубер и Алцек се негови браќа.






