Каевски: Трошоците на граѓаните намалени за 4.000 денари месечно…

Антикризните мерки, вредни 400 милиони евра, за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството даваат резултат, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.



Ефикасното и брзо реализирање на само неколку мерки на Владата сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Каевски додаде дека за неполни 100 дена, СДСМ и премиерот Ковачевски успеа да донесе ефикасни мерки и многу сериозно да го намалиме ценовниот шок и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Тој истакна дека сите овие мерки целосно нема ги решат сите проблеми. Живееме во огромна криза и јасно е дека сите ги чуствуваме економските последици.

Но, она што е важно е дека Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го го насочиме за поддршка на граѓаните и компанииите, изјави Каевски.