
Ова парламентарно мнозинство ќе се окрупнува и зголемува во насока на продолжување на европскиот пат којшто го има зацртано оваа влада. Неоснованото блокирање од страна на опозицијата на овој процес во Собранието носи само штета на државата и граѓаните. Потребен е дијалог наместо поделби и дневно политички поени и калкулации. Во тој контекст е неоходна и лидерска средба меѓу власта и опозицијата со која ќе се направи исчекор во делот на она што сите го имаме како обрска а таа е продолжување на европскиот пат на државата, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“.
Пратеникот од СДСМ додаде дека ќе се организираат средби и консултации и дека ќе се соочат фактите и аругментите, бидејќо само со дијалог може да се дојде до решение.
„Блокирањето не носи корист никому, а носи само штета. Верувам дека ќе се случат средби, вклучително и лидерска средба и дека до крајот на годината ќе има мнозиснтво што ќе гласа за уставните измени“ , заклучи Каевски.





