Советничка на осудената екс шефица на СЈО Катица Јанева која не е истакнат правник е најновиот пример за упад на СДСМ и ДУИ во урнисаното македонско правосудство.
Малку познатата правничка Светлана Жупановска е предложена од власта да биде член на моќниот Совет на јавни обвинители иако не ги исполнува законските услови.
,,Власта ја предлага Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители, но проблемот е што таа не исполнува ниту еден услов од членот 32 став 1 од Законот за Советот, кој предвидува кандидатот да е или универзитетски професор по право, или адвокат или истакнат правник”, вели Антонио Милошоски на комисиска расправа за кандидатката која е предложена од власта.
,,Тоа што била стручен соработник во суд, а потоа и советник за огласи и вработувања на Катица Јанева во СЈО (2016-2018г.) воопшто не ја прави истакнат правник. Доколку вакви кандидати станат членови на Советот за јавни обвинители дополнително ќе паѓа репутацијата на оваа институција и истата ќе нема авторитет за да ја остварува надлежноста врз обвинителствата во Македонија. Ќе гледаме само невкусни репризни бламажи како во Судскиот совет”, анализира Милошоски за обидот на власта во правосудството да вметне близок соработник на контроверзната Катица Јанева која била дел од СЈО и знаела што се случува во институцијата која ја водеше сега осудената обвинителка.
Видеото на овој линк






