Чеченскиот лидер побара укинување на меѓународните санкции наметнати на  неговата мајка, ќерки и на неговитен – коњи, јавува Newsweek.



Во замена, тој нуди ослободување на 20 украински војници заробени за време на борбите во регионите Доњецк и Луганск, јавуваат руските медиуми.

„Ако ги укинат санкциите за мајка ми, моите ќерки, невините луѓе, коњите, освен за мене, тогаш ќе се откажеме од овие луѓе“, изјавил чеченскиот воен лидер.

Во Чешка е запленет вреден коњ кој наводно му припаѓал на Кадиров, кој исчезнал под неразјаснети околности во 2023 година.

ЕУ и САД воведоа забрана за влез на Кадиров и неговото семејство и ги замрзнаа сите нивни средства на нивните територии.