Град Скопје крие дали имало ангажирано фирма за новогодишното украсување кое градоначалничката Данела Арсовска кажа дека чини 30.000 евра и зошто не бил расишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра.



За 30.000 евра за кои пред десетина дена на нејзината фејсбук страница објави дека ќе ги потроши за украсување на главниот град, Град Скопје нема распишано јавна набавка, ниту е спроведен тендер.

На веб страната на Град Скопје на која се објавени сите јавни повици врз основа на што се информира јавноста и оние кои сакаат да конкурираат, повик за новогодишно украсување нема.

Ако Финансиска полиција не постапи, Обвинителството најави дека ќе оформи предмет против градоначалничката Данела Арсовска во врска со потрошените 30.000 евра за украсување, за што не бил распишан тендер.

„Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“ велат од обвинителството.