Каде заглави изградбата автопатот Кичево – Охрид?! Машините како да пропаднаа в земја, а работници нема ни за лек. Додека не изгинеме сите немаат намера да го завршат автопатот Охрид-Кичево, кој се гради безмалку една деценија. Ова е автопат на трагедии, сообраќајки се случуваа постојано и ќе се случуваат бидејќи самиот пат е ризичен, а одговорност никако некој да сноси – реагираат охриѓани за неподносливо долгата изградба на автопатот.
Иако и по три продолжувања на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на кој не му се гледа крајот, министер Бочварски уверува дека истиот ќе бил готов и пуштен во употреба до крајот на годинава. На 57-те километри од автопатската делница која требаше да биде готова во 2018-та, убедуваше дека работеле 900 работници,така пишувало во последниот извештај. Тој не сакаше дирекно да одговори дали изградбата на најскапиот автопат во Европа, Охрид-Кичево ќеја надмине сумата од фантастични 600 милиони евра?

- – ”Значи ние во моментот имаме таква договорена цена, јас не можам да прејудицирам за пониска или повисока цена, можам да кажам тоа што го имаме како договор помеѓу државата и изведувачите”, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Бочварски кој е убеден дека автопатот ќе е готово за 9 месеци,призна дека сеуште се врши експропријација на земјиштето.Охридскиот градоначалник е скептичен дека со ваква динамика на работа, автопатот ќе биде готово до предвидениот рок.
- – ”Ќе пушиме една лента колку да замачкаме очи, меѓутоа ние со тоа не го решаме проблемот,туку се префрламе од една на друга летна, а суштински немаме никаков напредок а за жал се’ повеќесообраќајки, се’ повеќе и повеќе луѓе го губат својот живот и од автопат кој треба да биде гордост на Mакедонија и кој што треба да го поврзува најголемиот туристички центар на Mакедонија со главниот град,добивме автопат на ужасот и хорор”, исканува Кирил Пецаков, градоначник на Охрид.
Додека државите од регионот грабат напред, Македонија не успеава со години да изгради еден автопат – ова го отвора прашањето дали нашата држава која за дебели пари, ангажираше и странски компании, има капацитет да го заврши автопатот? Бочварски вели градежните работи ќе продолжеле со засилено темпо кога ќе се подобреле временските услови и тогаш автопатот ќе се пуштал делница по делница.





