Преживеаните и роднините на загинатите во автобуската несреќа на автобус на „Беса Транс“ во Бугарија, побараа Окружниот суд во Перник паралелно да ги испита причините за несреќата.
Тие уште чекаат информации за златото и накит во вредност од илјадници евра што патниците ги носеле со себе, јави БНТ.
Ужалените семејства се уште ги чекаат зачуваните работи на своите најблиски.
Тие беа вратени од бугарската истрага во Северна Македонија, но постапката за идентификација се’ уште не е започната, вели Камјуран Пајазитовски.
„Имам докази дека мојата снаа имала накит од 7 000 евра за време на патувањето. Златото не гори“, додава Ќамуран Пајазитовски.
И преживеаните и роднините на загинатите инсистираат на паралелна истрага за причините за трагедијата, освен кривичната постапка што ја покрена обвинителството.
Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред окружниот суд во Перник, се наведува во сторијата на БНТ.
Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември, загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција.







