Каде се: Заев пред 100 дена најави грчки вакцини за Македонците

Речиси 100 дена откако премиерот Заев најави дека Македонците ќе добијат вакцини со помош на грчка набавка нема никаков резултат од неговите изјави.



На 16 ноември минатата година Заев порача дека е убаво да знаат граѓаните дека грчката Влада нарачала вакцини и за Албанија и за Македонија кои никогаш не стигнаа.

“Убаво е да знаат граѓаните значи грчката Влада нарача вакцини и за Албанија и за Северна Македонија на разговорот со претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во петокот беше соопштено дека Европската комисија кога ке ја набавува вакцината за земјите членки ке набави и за 6-те земји од западен Балкан.

Вакцините ќе ги добиеме заедно сите и паралено нема да зависиме од другите држави. Веке сме вградени во ковакс системот, парите се резервирани авансот ке го исплатиме највероајтно почетокот на декември”, изјави пред стотина дена претседателот на Владата Зоран Заев.

Од тогаш до сега нема никаква најава дека Грција ќе даде од своите вакцини.

Досега Грција има добиено и искористено над 1 милион и 345 илјади вакцини од кои ниту една не дала на Македонија како што најави Заев.