Каде се фракциите во СДСМ освен во главата на Јовановиќ?

Дали незадоволните членови во СДСМ се спремни за фракционерство или формирање на нова политичка партија? Со овие прашања многу се шпекулира во политичките кулоари, по изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател на партијата, иако во реалноста малку што се случува – анализира Плусинфо.



Кандидати за фракционери во СДСМ има повеќе, но засега јавно беше спомнато единствено името на Петар Атанасов, поранешниот функционер на партијата, а едно време и заменик министер за образование во владата на Зоран Заев. Обвинувањето кон Атанасов јавно го искажа аналитичарот Ненад Јовановиќ со објава на социјалните мрежи.

– Да ви кажам што е во игра. Да не ве бунат аналитичари, професори, доктори на науки и останата котерија на “угледни” и “информирани”. На сцена ќе одвива расцепување и раслојување на СДСМ. Има најави за нова партија на разочарани од СДСМ. Петар Атанасов се курдисуе (по “скопски”) да откинуе членство (уште еднаш по “скопски”). Што значи тоа? Се брише простор за ВМРО и Мицињата. Целта е на следни избори со СДСМ да се пребрише патос. Изборен. Зборуваше мојата маленкост две години наназад, ама изгледа не бев доволно “етаблиран” за да бидам разбран – напиша Јовановиќ на Фејсбук.

Плусинфо го контактирале господинот Атнасов, кој изненадено одговорил дека прв пат слуша за планот дека баш тој ќе се поставел на чело на незадоволните членови на СДСМ.

– Јас со СДСМ немам никаква врска веќе три години. Немам никаква намера да правам партија, ниту, пак, да прибирам незадоволни членови од СДСМ. Точно е дека јавно говорам за работите кои ми пречат, дека апелирам за општа мобилизација на сите здрави структури на општеството коешто ни е еродирано, но никаква партија нема да ни помогне во тоа, бидејќи во партиите владее лоша енергија – изјави Атанасовски за Плусинфо.

Целиот текст на следниот линк:

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ ЗАГОВАРА ФРАКЦИЈА ВО СДСМ Несудените фракционери немаат поим