Од засега непознати причини сопругата и децата на премиерот вчера не учествуваа во пропагандата на Ковачевски кој на Бадник објави скап спот како дочекува деца за Коледе.
На објавеното видео не се гледаат сопругата и децата иако вообичаено е тој во домот каде се практикува коледарската традиција да се појави најмалку неговата сопруга и заедно да ги пречекаат коледарчињата.
Од видеото се стекнува впечаток дека Ковачевски живее сам.
Дали сопругата на Ковачевски и неговите деца не го празнуваат Коледе, имаат посебна причина да го бојкотираат премиерот или едноставно одбиле да учествуваат во политичката пропаганда на нивниот татко и сопруг за големиот христијански празник треба да одговори премиерот кој сам се појави во спотот кој според експерти е снимен од сериозна и скапа продукција со цел да го прикаже премиерот како голем верник и почитувал на традицијата.
Спотот на премиерот за Коледе чини 10 пати повеќе од подароците за коледарчињата на Бадник (ВИДЕО)
За честитката за Нова Година Ковачевски беше придружуван од целото свое семејство со двете деца и сопругата.
Менче со човечки предлог до Таче, премиерот се прави дека не чита





