Пред изборите во 2016 година тогашната опозиција обвинуваше за „фантомски“ гласачи во избирачкиот список.
Се споменуваше бројка од дури 300.000 сомнителни гласачи, поради што беше спроведена теренска проверка на сомнителни гласачи по што околу 30.000 беа привремено избришани од Избирачкиот список.
На последните неколку избори, бројот на запишани гласачи во Избирачкиот список е околу 1.8 милиони гласачи, а за последните, локални избори бројката беше дури и поголема за околу 30.000 гласачи.
Прашање е сега каде исчезнаа фантомските гласачи, односно како сега на два месеци пред претседателските избори власта и опозицијата немаат забелешки на Избирачкиот список пишува Пресинг.ТВ.






