Каде „исчезна“ убиецот на Мартин Нешковски?

Повеќе од еден месец нема трага од убиецот на Мартин Нешкоски, а во јавноста се шпекулира дека осуденикот кој не се врати во „Идризовио“ е платеник во Авганисатан или е бегалец во Холандија, јавува телевизијата „Алфа“.



Спасов беше осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски.

Тој беше во затвор од 2011 година, а последната година му била прекинувана 4 пати поради здравствени проблеми. Тој требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври годинава.

Пред еден месец, премиерот Зоран Заев најави дека истрагата ќе покаже дали бил направен пропуст во прекинувањто на казната, по што тој повќе не се врати во Идризово.