Каде и да сте вечерва до 21 часот да сте дома

Се враќа на сила полицискиот час. По еден ден пауза од вечерва повторно забраната за движење за граѓаните според последната одлука ќе почнува во 21:00.



Владата по предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука, да нема полициски час за Велигден односно вчера и за Бајрам ноќта меѓу 12 и 13 мај.

Според здравствените власти олеснувањето на мерките е поради подобрување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, намален бил бројот на новозаразени и на пациенти кои имале потреба од хоспитализација.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.