Советник на Спасовски забошотува случај во кој можеле да загубат десетина луѓе, изјави пратеникот Драган Ковачки кој претходно објави видео од полициски началник како пука на веселба во селото Ропотово а сега најавува ново видео на кое пукаат и други лица.
Ковачки бара МВР веднаш да најде каде е и чија е автоматската пушка од која е пукано Англија што истрагата се уште не ја нашла.
,,Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи.
Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово.
Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено.
Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица.
Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се’ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец?
Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти.
Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил!
Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.
Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија.
Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните”, изјави Ковачки кој од Спасовски бара веднаш да си даде оставка.
Вториот дел од видеото
Втор дел од видеото.
Пушката од која пука и ова лице (исто како к-дирот), се' уште не е пронајдена, а лицето воопшто не е повикано на разговор!
И за високиот полициски службеник од СВР Битола кој бил на настанот и го прикрил, нема постапка! pic.twitter.com/Ge9InYwOGt
— Драган Ковачки (@Kovacki1) August 30, 2023
Преходно Ковачки го објави првото видео





