Алтернатива, Беса и Демократско движење, сојузници во таканаречениот Европски сојуз за промени, бараат одговор дали осомниченмиот за убиството на Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски е поврзан и со петкратното убиство на Смилковско Есеро во 2014-та.



„Кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека главниот осомничен кој го изврши убиството на Вања, како и неговите соработници, работеле за моќни антизападни центри, тогаш логично е да се сомневаме дека истите организатори на убиството на Вања, се вмешани и во организацијата на случајот ‘Монструм’ каде на грозоморен начин беа убиени пет млади момчиња.

И сето тоа, во пресрет на верските празници, со цел преку меѓуетнички тензии да предизвикаат дестабилизација на општеството.

Затоа, Европскиот сојуз за промени бара од Министерството за внатрешни работи и од правосудните истражни органи да излезат и јавно да ја информираат јавноста каде бил Љупчо Палевски – Палчо на 24 април 2012 година, денот кога се случи монтираниот случај ‘Монструм’?

Од друга страна, бараме од Министерството за правда и од МВР, не само да ја заморуваат јавноста со изјави во кои се објаснуваат постапките за екстрадиција, туку да го истражат и конкретно да го наведат денот кога ќе биде екстрадиран од Турција главниот осомничен за организирање на убиството на Вања и Панче“, соопштија од Европскиот сојуз за промени.