Кадарот на Заев што со инспектори спречува пад на владата досега требало самиот да биде притворен

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, објави дека од раните утрински часови претрес во неговиот дом врши Управата за финансиска полиција.



Оваа управа ја води кадар на СДСМ Арафат Муареми кој ако функционираше правниот систем досега ќе беше во затвор за изборен криминал.

Муареми пред изборите беше фатен на видео снимка како се заканува дека ќе врши злоупотреба на инспекции за да урне градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега нема информација дека Муареми бил повикан во полиција или од јавното обвинителство иако очигледно е прекршување на повеќе членови од Кривичниот и изборниот законик.

Видеото поради кое Муареми досега требаше да биде осуден на затворска казна или најмалку да биде притворен.

Нечовечка закана за инспекции од функционерот на СДСМ Муареми (ВИДЕО)

Се уште не е јасно дали Муареми го блокира Јаулевски да стигне на седницата закажана за 11 часот.

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ каде Муареми пратил инспектори е еден од пратениците од кои денеска се очекува да гласаат за недоверба на Владата во Собранието.

„НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ, ДЕНЕС ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ ЌЕ ЗАВРШИ! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“, напиша Јаулески на Фејсбук без да изнесе други детали.

Опозицијата до денеска тврди дека ги има потребните 61 гласа за изгласување на недоверба на Владата.

„Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците.

Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени„ се огласи подоцна и ВМРО-ДПМНЕ.