Кадарот на ДУИ кој беше закана за македонското небо откако контролорите на летање се побунија за неговото незаконско вработување сепак се ,,протнал” за огромна плата во М-НАВ, објави СДК..
Предходно екс директорот на МНАВ тврдеше дека се работи за техничка грешка.
,,Миѓен Селмани, поранешниот директор и член на Управниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ), и покрај гаранцијата на министерот Благој Бочварски дадена пред Синдикатот на контролори на летање, сепак се вработил таму, и тоа на огласот што траеше само два дена во декември лани. За тој оглас ексдиректорот Фахрудин Хамиди тврдеше дека е грешка на Агенцијата за вработување.
Селмани, како и многу други партиски кадри, е вдомен во М-НАВ сега како сметководител. На измислените и несуштински работни места за вдомување партиски кадри таму се земаат огромни плати. Од Управниот одбор на М-НАВ потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека поранешниот директор Селмани е вработен во одделот „Сметководство“, пишува порталот.
Откако лани на 15 декември САКАМДАКАЖАМ.МК објави фотографија од специјално објавениот оглас за Селмани, кој траеше од 15 до 17 декември, или од петок до недела, за да не види никој друг и да се пријави само тој, тогашниот директор Фахрудин Хамиди тврдеше дека се работи за грешка. Тврдеше дека таков незаконски оглас М-НАВ не објавил, додека контролорите на летање го тврдеа спротивното и најавија штрајк и затворање на небото за авиопрелети за Нова Година.
Сите детали овде






