Кадар на СДСМ во институциите кои го контролираат македонското небо создава контекст за целосно ослободување на напаѓачите на МНАВ кои вчера не добија притвор за инцидентот во контрола на летање.
Екс пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев кој е директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство тврди дека напаѓачите од ДУИ не ја загрозиле безбедноста на небото над Македонија.
Токму Тунтев се споменува како можен главен сведок на одбраната на Беким Незири и 7 напаѓачи од ДУИ кои незаконски влегоа во МНАВ да тепаат вработени.
,,Не постои никакво загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, исто така не постои никаков пријавен настан, инцидент или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај”, изјави за МИА директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев, по завчерашниот инцидент во М-НАВ.
Тој објасни дека во Контролата на летање, работат искусни и стручни професионалци, кои многу добро си ги знаат своите обврски и должности за одржување безбедно небо.
За многумина тоа што Тунтев ја дава изјавата за државната агенција МИА која е под контрола на владата во која се неговата матична партија СДСМ и ДУИ од каде се напаѓачите е најава дека екс пратеникот кој зема плата од 3300 евра ќе биде главниот фактор кој треба да ги ослободи од вина напаѓачите од ДУИ.
Обвинителството кое напаѓачите ги гони токму за нарушување на безбедноста на небото над Македонија индиректно укажува дека Тунтев не знае што зборува или дека има партиска задача да го брани јавно насилниците од ДУИ.
Фото: Од времето кога Тунтев беше координатор на пратеничката група на СДСМ од каде отиде за директор во АЦВ
Дали судијата се плаши дека може да му се случи истото сценарио како за Титаник 3 кога дал притвор за луѓе на Ахмети
Судијата Пајазити порано давал притвор како од шега а сега за насилниците од ДУИ сменил пристап






