Кандидат на претседателот Пендаровски и се заканил на претседателката на Врховен суд откако таа одби да го врати Груевски во Македонија, објавува шефот на собраниската комисија за надворешна политика пратеникот Антонио Милошоски.
,,Кадарот на Пендаровски во Судскиот Совет турка “реформи” во правосудството на ден пред Нова Година, решително, строго и во “проевропски” стил”, пишува Милошоски кој наведува два текста во медиумите од кои се гледа дека членот на судскиот совет Миљазим Мустафа кој во ова тело е предложен од Пендаровски и се заканувал со затвор на Беса Адеми претседателка на Врховниот суд.
Адеми предходно обвини за притисок врз Врховниот суд од владата на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците со цел носење одлука со која во земјава би се вратил Никола Груевски.
Кабинетот на Пендаровски молчи за кадарот на претседателот во Судскиот совет.
📌 Кадарот на Пендаровски во Судскиот Совет турка "реформи" во правосудството на ден пред Нова Година, решително, строго и во "проевропски" стил 👇❗️#НемаПравдаНемаМир pic.twitter.com/3tnVfIVxgy
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) December 29, 2023






