Тој беше именуванм за в. д. директор на Клиничката болница во Тетово во март годинава откако Алијанса за Албанците стана дел од владината коалиција.
Пелумб Вела, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук објави дека поднел оставка од функцијата директор на тетовската болница како и од шеф на огранокот во Тетово на владејачката партија Алијанса за Албанците, од лични и од здравствени причини.
„Почитувани тетовчани, почитувани активисти на Алијансата за Албанците! Ве известувам дека денеска од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата В.Д. Директор на Клиничката болница во Тетово и истата ја депонирав во архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, до седиштето на Алијансата за Албанците депонирав оставка и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. Ви благодарам на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на АА за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка!“, обзнани Вела на социјалните мрежи.
Тој додаде дека ќе продолжи да придонесува во Алијанса за Албанците, но само како активист.






