Качински му препорача очен лекар на Орбан …

Вицепремиерот и лидер на полската владејачка Конзервативна партија, Право и правда Јарослав Качински,остро го коментираше ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за војната во Украина.



„Премиерот Орбан рече дека не може јасно да види што се случи во Буча. Го советувам да посети очен лекар“, изјави Качински за Радио Плус во петокот.

Полска и Унгарија, земји-членки на Европската унија, меѓусебно се поддржуваат во нивните посебни спорови за владеење на правото со Брисел.

Но, Качински рече дека односот на Орбан кон војната во Украина е „многу тажен“ и „разочарувачки“.

Полскиот вицепремиер рече и дека понатамошната соработка со Будимпешта не е можна доколку не се промени пристапот на Орбан кон руската агресија врз Украина.