Кацарска: „Резолуцијата на ЕП ќе се користи бугарските уцени да се прикажат како ‘европска’ позиција“

„Европскиот парламент изгласа резолуција, со која се бара почеток на преговорите на Македонија со Унијата, но во која се најдоа и некои спорни амандмани, што се косат и со европските принципи и со критериумите за преговарање. Како понатаму? Има ли Македонија механизми да се заштити од овие бугарски уцени и да спречи тие да станат ново поглавје во пристапните преговори? Според аналитичарите, преку овој документ Бугарија настојува да ги претстави своите гледишта и уцени како заедничка ‘европска’ позиција.“ – вели Сашо Танески во својата анализа со наслов „Превенцијата останува наша слаба точка“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

„По изгласувањето на спорните амандмани во Европскиот парламент“

„Таневски пишува: „Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2021 година. Поминаа и дел од спорните амандмани поднесени од бугарските европратеници, со што Бугарија доби уште една алатка во настојувањата да ги вметне своите барања и уцени во преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.“

„Значителен дел од од македонските експерти во делот на евроинтеграциите уште во март предупредија дека Бугарија ќе се обиде да ги вметне барањата во идниот процес на преговори меѓу Македонија и Унијата и оти ситуацијата треба будно да се следи. Во таа насока беше и неодамнешното отворено писмо на Институтот за европска политика, упатено до пратениците во Европскиот парламент, во кое ги повика европратениците да ги отфрлат спорните амандмани поднесени од бугарските европратеници, бидејќи се косат со европските принципи и критериумите за преговарање.“

„Откако ЕП изгласа дел од спорните амандмани, македонската јавност се прашува: колкава е нивната вистинска тежина? Дали тие стануваат обврзувачки во рамките на идниот преговарачки процес, или Македонија има механизми да се заштити од овие бугарски уцени и да спречи тие да станат ново поглавје во пристапните преговори?“

„Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска смета дека, иако дел од амандманите поминале, тие немаат некаква посебна тежина и со ништо не ја обврзуваат Македонија во идниот процес на преговори со Унијата. ‘Дел од тие контроверзни амандмани поминаа во ЕП, но не помина оној грозен амандман, во кој Македонија беше обвинета за дискриминација. Некоии политичари во Бугарија нема да бидат среќни поради тоа. Резолуцијата на ЕП, во која се најдоа дел од амандманите, на кои Бугарија инсистираше, е необврзувачки документ, за разлика од преговарачката рамка. Оваа резолуција нема особена тежина во пристапниот процес.’ – категорична е Кацарска.“

„Без оглед што резолуцијата е необврзувачки документ, ќе биде користена од дел од политичките чинители во Бугарија за претставување на бугарските гледишта како заедничка ‘европска“ позиција’ – нагласува Кацарска. Таа уште додава дека политичката битка ќе продолжи и натаму и оти државата, но и сите чинители во Македонија не треба да замижуваат пред овие предизвици, кои постојано се појавуваат, туку да работат на нивно пресретнување и превенирање.“

Интернет-врска до целата анализа:



https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/prevencijata-ostanuva-nasha-ahilova-petica/