Кацарска: Никој и никогаш не ми вршел притисок

Судијката, Добрила Кацарска, која е судечки судија во предметот за 27 април, вели дека никогаш не се случило да има притисоци за овој или за друг предмет.



„Не само за овој предмет, за ниеден предмет никој и никогаш не ми врши мене притисок, можеби затоа што го знаат мојот карактер и начинот на работа. Никој ниту од оваа политичка гарнитура, ниту од претходната, некогаш ми вршел притисок. Верувајте никој не се ни обидел да дојде до мене, тоа го тврдам пред целата македонска јавност“, вели судијката Кацарска, како што пренесува „Фокус“.