На вечерашното гостување во 1ТВ, судијката Добрила Кацарска рече дека ќе бара изземање доколку ѝ биде предаден предметот „Империја“ во кој како обвинет е Орце Камчев, кој е во притвор.
„Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години. Фамилијата Камчеви ги чувствувам како моја фамилија“ рече судијката Кацарска.





