Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во гостување во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“ рече дека, барем според три завршени и правосилни судски пресуди, поранешниот премиер и „бегалец“ во Будимпешта, не може да се врати како слободен човек во Макееонија, по измените на кривичнито законик.
„За да можам да дадам прецизен и јасен одговор, треба да ги имам пред мене сите предмети што се водат против Никола Груевски. Јас не знам колку предмети има против него, за кои кривични дела, која е казната, и со гласно новите измени на кривичен законик дали има застарување или не. Јавноста очекува прецизни одговори, и би било несериозно да давам одговор на вакво прашање.
Имав три предмети за него од СЈО, тоа се Тенк, Триста и Транспортер.
Сите ги имам завршено, и сите се правосилни и минаа низ Врховниот суд. За тие предмети каде што е завршена постапката, не може да важи измената на законот“, изјави Кацарска за ТВ21.







