Кабинетот на Иванов го демантира Бошњаковски, немало безбедносна проценка

МВР не доставила безбедносна проценка до организаторот на прославата на Мечкин Камен, Кабинетот на шефот на државата, објавува вечерва Телевизија Алфа која се повикува на службата за медиуми на претседателот Иванов.



Спиред Алфа одговорот на двете прашања поставени до кабинетот на Иванов:

1. Дали до кабинетот на ПРМ е доставена безбедносна процена?

2. Дали до кабинетот се доставени контраразузнавачки информации, е негативен.

Овој одговор е целосно спротивен на ставот на владата која предходно објави дека МВР прави безбедносна проценка и ја доставува на организаторот, во случајов претседателот Иванов.

Како што предходно објави порталот плусинфо.мк во одговор на полемика на Фејсбук, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, соопшти дека организатор на настанот во Крушево е претседателот Ѓорге Иванов, а не Владата или локалната власт.

“На прашањето кој бил задолжен за обезбедување на настанот и за контраразузнавачките информации, со оглед на фактот што било најавено присуство на високи странски дипломати, на чело со Метју Палмер, заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Бошњаковски потврди дека МВР прави безбедносна проценка, која потоа ја доставува до организаторот”, пренесе плусинфо.мк.

Зошто портпаролот на владата би давал лажни информации за доставена безбедносна проценка од МВР и кој е виновен за пропустот при инцидентот во Крушево во кој вербално, со вода, со пластични чаши и шишиња беше нападната владината делегација, кабинетот на претседателот не сака да коментира, се вели во информацијата на ТВ Алфа.

Предходно Владата објави дека организатор на настанот е институцијата претседател која ја носи одговорноста за инцидентот.

Владата го обвини Претседателот за инцидентот на Мечкин Камен