Кабинет на Петков: Подготвени сме за нови избори, но откако ќе ги исцрпиме сите можности

Подготвени сме за нови избори, но пред тоа ќе направиме се’ за да спречиме таков развој на настаните, изјави Лена Бориславова, шеф на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков, цитирана од „24 часа“.



Борисов Владата на Петков да поднесе оставка

„Мора да има функционално Национално собрание за да ги донесе тие 22 закони кои ќе гарантираат 13 милијарди лева да одат за бугарските домаќинства и бизниси“, рече Бориславова.

Според неа, актуелната состојба во парламентот е сценарио кое има за цел да ја дестабилизира владата.

Според Бориславова, напорите на кабинетот на Петков сега не се насочени кон наоѓање заменици на левичарските министри на коалицијата (ИТН), туку на прифаќање на ребалансот на буџетот и законските измени.

На тоа се надеваат околу 7 милиони граѓани во услови на инфлација, енергетска криза и криза со цените на горивата, рече Бориславова.