„И покрај се’, сметаме дека и на инаугурацијата и вчера требаше да присуствува и лидерот на опозицијата“, велат од кабинетот на Претседателот на РСМ, по вчеррашаната реакција на Христијан Мицкоски дека не беше поканет на обраќањето во Собранието на претседателот на државата.
Но, од Кабинетот на спикерот Талат Џафери велат дека немало практика на обраќање на шефот на државата да сепокануваат партиски лидери.
„На годишното обраќање на претседателот на државата не беше поканет ниту еден од лидерите на политичките партии а со тоа покана не беше испратена ни на Христијан Мицкоски“ велат од кабинетот на претседателот на Собранието.
Мицкоски вчера на прес конференцијата што ја одржа веднаш по обраќањето на претседателот Пендаровски рече дека не бил поканет ниту на инаугурацијата ниту на обраќањето на шефот на државата и дека „меканет гостин е недобредојден гостин“.





