Над 70 текстилни работници пријавиле во невладината организација „Гласен текстилец“ дека воопшто не примиле К-15 или дека им биле исплатени 250 до 2.000 денари, дознава Вечер.



„Имаме исплатено износ од 2.000 денари и тоа го имаме во фирма во Делчево каде што се организирани во синдикат и воопшто неисплатен регрес во фирма во Скопје, која исто така е со членство во синдикат. Компаниите за жал ги користат аномалиите во колективниот договор, а кои со години се провлекуваат“, вели Кристина Ампева од оваа невладина организација.

Според неа на Тудовиот инспекторат му се врзани рацете, зашто тие можат да реагираат само онаму каде што на работниците по овој основ не им е уплатен ниту денар.

„Од она што го гледаме, во некои фирми има исплата на К-15 по 100 денари“ рече Ампева. „Сакаме до петок да ги собереме сите податоци и да ги испратиме до надлежните. И треба да се испита дали има спогодба во фирмите каде што се исплатиле вакви срамни суми од 100 или 250 денари, пренесе Фактор.

.