Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса побарал дозвола од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да не го апси Русинот Владимир Путин, бидејќи тоа би претставувало објава на војна, објави Ројтерс
Јужна Африка ќе биде домаќин на самитот на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – следниот месец, на кој треба да присуствуваат шефовите на држави на тие земји.
Но, МКС има налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство за депортирање на украински деца во Русија. Јужна Африка, како член на МКС, е должна да го уапси доколку се појави на самитот.
Рамафоса рече дека покренал постапка со МКС според членот 97, во кој државите можат да се изјаснат дека нема да мора да извршат апсење поради проблеми што го спречуваат тоа да го стори. Тој не откри повеќе детали за таквата постапка.
„Јужна Африка има очигледни проблеми со извршувањето на барањето за апсење и предавање на претседателот Путин“, се вели во неговата изјава.
„Русија јасно стави до знаење дека апсењето на нејзиниот актуелен претседател би било објава на војна“, рече тој.
Во март, Дмитриј Медведев, изјави дека секој обид за апсење на Путин би претставувал објава на војна.
Јужноафриканските власти инсистираат самитот на БРИКС да се одржи, и покрај контроверзноста со МКС.
Но, тие исто така разговараат за алтернативи, по шпекулациите дека самитот би можел да биде преместен во Кина…






