Во контекст на пандемијата од коронавирус, најбрзиот човек во историјата Јусеин Болт на духовит начин покажа што значи социјално дистанцирање.
Светскиот рекордер на 100 метри, на 200 м и на 4х100 м на својот профил на Твитер објави фотографија од финалето во спринт на Олимписките игри 2008 во Пекинг, во кое постави нов планетарен рекорд, оставајќи ги остави ривалите два метра зад себе. Токму толку колку што здравствените власти овие месеци препорачуваат да биде растојанието меѓу луѓето за да избегнат евентуално заразување со вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19.





