„Ако силата на Европа лежи во тоа да бидеме партнер од доверба, некој на кој може да се смета за да го одбрани глобалниот поредок заснован на мултилатерални правила, нашата слабост лежи во тоа што не ги одржуваме нашите ветувања – нашите и оние на нашите меѓународни сојузници“, напиша досесегашниот претседател на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, во коментар на „Политико Европа“.
Претседателот на ЕК во заминување пишува дека најдобар пример за изневерување на ветувањата е „политика за проширување и срамната неспособност на европските лидери да си ги одржат ветувањата за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“ откако овие влади ги исполнија потребните критериуми.
„Почитта мора да се добие и ако сакаме да го одржиме нашиот кредибилитет, мораме да го сториме тоа што сме рекле дека ќе го сториме – внатре и надвор“, напиша Јункер во својот проштален коментар





