Јункер се пожали дека работата му е „пекол“

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја опиша својата работа како “пекол” , по контроверзната вчерашна изјава на Доналд Туск кој рече дека има место во пеколот за оние кои се за Брегзит.



„Се прашувам како изгледа тоа посебно место во пеколот, за оние кои го промовираа Брексит, без дури и скица на план како безбедно да го изведат “, рече Туск.

Запрашан за мислење за ваквата забелешка на ТУуск, Јункер рече дека нему, работата му е пекол.

„Јас сум помалку католик од мојот добар пријател Доналд. Тој цврсто верува во небото и во спротивното – пеколот. Верувам во небото и никогаш не сум видел пекол, освен за време на мојата работа тука. Тоа е пекол“, вели Јункер.