Ингеборг Гресле, која е претседавач на Комитетот за контрола на буџетот на ЕП, го обвини претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека извел „пуч“ против Европа.
Според неа, Јункер го назначил неговиот шеф на кабинет, Мартин Зелмајер, за генерален секретар на Европската комисија. Гресле, во авторскиот текст за францускиот весник „Либерасион“ пишува дека Европската комисија покажува дека ‘не ги почитува сопствените правила’“, пренесува „Политико“.
Гресле е членка на Христијанско демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел, и член на Европската народна партија, на која припаѓаат и јункер и Зелмајер.
Додека во кабинетот на Јункер, има 30 луѓе, Генералниот секретаријат на Европската комисија за покрива гломазен административен апарат од 30.000 вработени, со кои сега треба да управува Зелмајер пишува европратеничката.
Според Танјуг, дедото Мартин Јозеф Зелмајер како припадник на Вермахт бил осуден за воени злосторства во поранешна Југославија, а во Западна Германија подоцна стана прв директор на Службата за воено разузнавање (MAD).




