Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската Комисија. Од Австрија каде бил на одмор, Јункер бил итно пренесен во Луксембург каде ќе треба хируршки да му се отстрани жолчката.
Поранешниот премиер на Луксембург и претходно имаше проблеми со здравјето. На самитот на НАТО, минатата година, тој беше снимен како се мачи да одржи рамнотежа додека требаше да се направи групната фотографија. Но, потоа од ЕК соопштија дека тоа било поради болен напад на ишијалгија.
Ј





