Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека САД под претседателството на Доналд Трамп изненадувачки брутално ги напуштаат мултилатералните односи и пријателската соработка.
Јункер, по одлуката на Трамп да се повлече од нуклеарниот договор на Иран, рече дека САД „повеќе не сакаат да соработуваат со остатокот од светот“.
Во обраќањето во фламанскиот регионален парламент, Јункер рече дека ЕУ треба да го преземе водството од САД.
„Во овој момент, ние треба да ги замениме САД, кои ја изгубија силата како меѓународен играч, а поради тоас и долгорочното влијание“, рече Јункер како што пренесуваат агенции.
Американскиот претседател Доналд Трамп вќерат објави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран.




