Јуначко село чека извинување од Пендаровски за навредите кон славните загинати Илинденски херои (ВИДЕО)

Херојското село Ташмаруништа во струшко чека јавно извинување од претседателот Пендаровски кој ги навредил предците на селаните.



Зборувајќи во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ адвокатот и екс обвинител Војо Димоски чија фамилија потекнува од таму, откри дека Пендаровски ги навредил предците на селаните од ова село и за тоа никогаш не се извинил.

Претседателот со своја изјава во која сакал да го понижи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој на втори Август традиционално учествува на прославата во селото, всушност ги навредил комитите од повеќе струшки села кои во Илинденското востание учествувале и загинале во битката кај Ташмаруништа.

Пендаровски покажал непочитување кон стотиците загинати комити кои се кренале на востание против турскиот аскер а чии коски со денови биле влечени од кучиња по судирот со Турците, објаснува Димоски во емисијата со Горан Момироски.

На Илинден во Ташмаруништа се случила една од најголемите битки во Илинденското востание која завршила со колеж на востаниците во чија чест на 2 август таму се организира голем народен собир.

Пендаровски не само што никогаш не дошол да оддаде почит на загинатите и нивните семејства туку и јавно ги понижил борците за слободна Макеоднија, открива адвокатот Димоски.

Повеќе во видеото

Најново

Од човек што не бил на никаква функција до човек што бил на многу високи функции

Обичен член на ВМРО-ДПМНЕ до екс функционер: Младоста ја оставивме за вие да уживате во фотељите