Јулија Скрипал стравува дека таа била жртва на нејзиниот свршеник Степан Викеев во нападот на нервен гас на 4 март во Солзбери  и стравува дека никогаш повторно нема да го види, открива лондонски MailOnline.



Јулија (33) и Степан Викеев (30), кој, наводно, имал врски со руските разузнавачки служби – живееле заедно две години пред таа да замине за Велика Британија за да го види нејзиниот татко Сергеј, поранешен руски а подоцна и британски шпион.

Сега се тврди дека Јулија била цел, бидејќи семејството на нејзиното момче се противело на нивниот брак.

Весникот пишува дека Јулија и нејзиниот татко биле отруени во „семеен“ спор, а додатно мистеријата се зголеми откако свршеникот Викеев -исчезнал.

Неговата мајка, Татјана Викеева (61), за која се вели дека имала врски со руските тајни служби, одбила да даде благослов на веридбатат и изјавила дека не сака нејзиниот син да се венча со „ќерка на предавник“.

И братучетката на Јулија, Викторија Скрипал за MailOnline изјави дека нападот врз Сергеј и Јулија Скрипал бил поврзан со веридбата на Јулија.

„Не можам да разберам како некој што се нарекува себеси нејзин свршеник ја остави во оваа тешка ситуација и не се обиде да стапи во контакт со неа – или со нас“, рекла Викторија.

Братучетката Викторија минатата недела за британски медиуми изјави дека можеби Сергеј и ќерката можеби воопшто не биле  нападнати со отровен гас, туку дека можеби добиле труење бидејќи јаделе – расипана риба.  

По нападот, за кој Велика Британија ја обвини Русија, а со Лондон се солидаризираа триесетина држави, беа протерани стотина дипломати нешто што не е забележано од времето на „Студената војна“.

Британска лабораторија специјализирана за боеви отрови соопшти дека не може да потврди дека нервниот гас употребен во нападот бил руски.