Јубилеј 8 години од првото ветување на СДСМ за градинка во Маџир Мало

Деновиве се одбележуваат 8 години откако кадрите на СДСМ почна со ветување на изградба на нова градинка во населбата Маџир Мало во општина Центар.



Првото ветување го дал Андреј Жерновски во 2013, второто Саша Богдановиќ во 2017 а сега истото го ветува и кандидатот за градоначалник Герасимовски.

„Во Маџир Маало ќе изградиме нова детска градинка која верувам дека на многу наши граѓани ќе им помогне во згрижувањето деца. Објектот треба да биде завршен до јуни 2024 година. Овде ќе ги реконструираме и улиците „Вардарска“, „Тетовска“ и „Маџир Маало“. Ќе изведеме шеталиште Кеј 13 Ноември со парк, детско игралиште и парковско зеленило. Исто така ќе ја завршиме изградбата на новата мрежа за парно греење на цела населба. Ќе го зазелениме и разубавиме Маџир Маало“, рече Герасимовски пред граѓаните.

Градинката која според ВМРО-ДПМНЕ уште во 2013 ја вети Жерновски , во 2017 Богдановиќ, според Герасимовски треба да биде готова до 2024 година.