Јубилеј: 40 години РЕК „Битола“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченост по повод јубилејот 40 години РЕК „Битола“, што ќе се одржи во Народниот театар – Битола.



Производството во комбинатот започнало во 1980 година со ископ на јаловина од првиот БТО-систем (багер, трака, одлагач), а првите киловат-часови електрична енергија биле произведени во 1982 година кога во работа бил пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкцијата во 1994 година е зголемена за дополнителни 15 мегавати по блок или за вкупно 45 мегавати.

По 2010 година, сите три агрегати биле осовременети и моќноста била подигната на 233 мегавати по агрегат, па вкупната моќност на РЕК „Битола“ денес изнесува 700 мегавати.[

Владината прес-служба соопшти дека на настанот ќе се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК „Битола“, Пеце Матевски.