ЈСП воведува автобуска линија Сарај-Ченто

Од понеделник (5 септември) ќе почне да функционира новата пробна линија „2Б” на релација с.Сарај до населба Ченто и обратно,соопштија од ЈСП.



Почетна/крајна станица на „2Б” во с.Сарај ќе биде на почетно/крајната станица на „2″

Трасата на „2Б” ќе биде идентична со трасата на „2″ од Сарај до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжи по булевар „Александар Македонски”, па улица „М.А.Ченто” до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45). 

По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај). Линијата „2Б” ќе функционира од понеделник до петок.

„Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот“, информираат од ЈСП Скопје.