Утре, неработен ден поради денешниот празник 11 Октомври, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен, зимски возен ред, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.
Дежурни ќе бидат три билетарници, односно билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче кои ќе работат од 7 до 19:30 часот, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров, информираат од ЈСП Скопје./МИА




