ЈСП Скопје демантира дека 30 шофери од ова јавно претпријатие заминуваат на работа во Германија.
Целиот демант во продолжение:
За жал, повторно сме приморани да го демантираме Вашиот медиум, односно „Плусинфо“ и текстот објавен денеска (четврток, 28.09.2023 год) со наслов “ВОЗАЧИ НА ЈСП ВЕЌЕ ГИ ПАКУВААТ КУФЕРИТЕ – В сабота 30 шофери тргнуваат за Словенија, а потоа за Германија”.
И овој пат, очигледни се вашите тенденциозни намери за нарушување на имиџот на ЈСП Скопје, кој полека, но сигурно неговото актуелно раководство се обидува да го врати.
Текстот, за жал, се базира на изјави и пренесување на “факти” од страна на лице кое не е вработено во ЈСП Скопје, ниту, пак, некогаш било.
Сметаме дека (не)свесно не сакате да се информирате за реалната состојба во нашето претпријатие, автоматски притоа исполнувајќи нечија дневно политичка агенда.
Факт е дека во ЈСП Скопје повеќе од 30 години не цветаат рози, но факт е и дека менаџментот почна да го консолидира претпријатието, за што, меѓудругото, доказ се и финансиските показатели за работењето во последното тримесечје.
Медиумската хајка против ЈСП Скопје, нема да ги запре напорите на раководството, да им овозможи на скопјани квалитетен јавен превоз.
Одделение за односи со јавност
ЈСП Скопје






