Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ соопшти дека од утре на улиците се враќаат и приватните превозници кои во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје.
Според соопштението од ЈСП, од утре ќе сообраќаат 105 автобуси на приватните превозници кои ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.
„Денеска, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, а веќе од утре 105 модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик, ќе сообраќаат на скопските улици“, се додава во соопштението на ЈСП.







